Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Т.Н.Т.“ и „Титаник 3“.
На судењето за „Т.Н.Т.“ што се однесува на незаконското уривање на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, треба да бидат презентирани останатите материјални докази на СЈО.
Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“.