Надлежните институции започнаа со проверка на случајот за доделувањето финансиски средства од ЕУ преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, информира на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски.
Тој додава и дека е во постојана комуникација со институциите и најави дека случајот целосно ќе се истражи и расчисти.
– Истрагите не ја исклучуваат и политичката одговорност, ако за тоа има основа. Како член на Владата одговорен за спроведување на етичкиот кодекс, активно го следам развојот на настаните и ќе ја известам јавноста за секоја понатамошна релевантна информација – наведува Николовски.