Никола Митревски – Кољо, осомничен за насилните настани на 27 април во Собранието и кој досега беше во бегство, денеска попладне сам се пријавил во полиција и е пренесен во Истражниот затвор во Шутка.
Управата на КПУ Затвор „Скопје“ потврди дека Митревски во затворот е доведен со полициско возило околу 15.30 часот откако претходно самиот доброволно се пријавил во полициска станица.
Според обвинението, Митревски заедно со Александар Василевски – Нинџа телефонски ги контактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, и го мобилизирале членството од другите градови за насилен упад во Собранието.