Фото: Илустрација

Центарот за јавно здравје од Прилеп испитува дали има евентуална загаденост на водата во с. Стровија откако непознато лице истурило црна течност во резервоарот за вода. Надлежните од СВР Битола велат дека Центарот за јавно здравје подигнал примероци за утврдување на видот и степенот на евентуална загаденост на водата.

Како што информира портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова во периодот од седми до деветти јули годинава непознат сторител во село Стровија, општина Долнени, делумно ја отстранил бетонската покривка од резервоарот за вода на јавната чешма во центарот на селото и истурил непозната црна течност и го напуштил местото на настанот. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Ка.М.