Вчера во месноста Расадник, при контрола извршена од страна на полициските службеници од ОВР-Кичево пронајдено е паркирано возило „застава-скала“ со кичевски регистерски ознаки натоварено со пресечено огревно дрво.
– За овој случај известена е и Шумската полиција, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димовски од СВР-Охрид.
З.А.