При контрола на автобус пријавен за влез на граничниот премин Табановце, царинските инспектори привремено задржаа 1.000 парчиња антиген тестови за ковид-19.
– На 22 август во 13 часот на ГП Табановце за влез се пријавил автобус со македонски регистарски на превозникот Дурмо турс од Гостивар, управувано од лицето С.М. од Гостивар, кој сообраќа на редовна линија Германија – Струга. При извршена детална контрола, во багажниот простор биле пронајдени непријавени три пакети од патникот Б.С. од Гостивар, во кои се наоѓале 1.000 парчиња антиген тестови за ковид-19 „Хотген“, со вкупна вредност од околу 50.000 денари – информираат од Царинската управа.
Стоката е привремено одземена со потврда за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до одделението за прекршочна постапка при Царинска управа.