Маж бил ограбен синоќа од две непознати лица на булеварот „Партизански одреди“.
Во Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа во 23:55 часот, А.Ц.(56) пријавил дека истиот ден околу 23.30 часот на булеварот „Партизански Одреди“ од страна на две непознати лица му била извршена тешка кражба на дрзок начин при што му бил одземен еден ранец во кој имало 4.000 евра, 50.000 денари и лични документи.
Сторителите кражбата ја извршиле на тој начин што додека пријавителот се возел со велосипед лицата со мотоцикл му се доближиле од зад грб и од корпата му го одзеле ранецот по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.