Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од полициска станица Сопот, постапувајќи по претходно добиено известување, го привеле Б.Д. (29) од Скопје, кој управувал товарно моторно возило „Ман“, поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.
По преземените активности, полициски службеници во реонот на село Ваксинце, пронашле 43 мигранти од Бангладеш, коишто биле превезувани во возилото. Лицата –мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.