Утре поради протест, кој ќе почне во 13.30 часот од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата, ќе бидат затворени неколку улици.
Од 13.30 часот до завршување на протестот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: Христијан Тодоровски Карпош, Џон Кенеди, Цветан Димов, Крсте Мисирков и бул.Гоце Делчев.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Роднини на осудените во „Монструм“ одржаа протест и пред четири недели, на кои дојде до нереди. Приведени беа осум лица, а повредени беа седум полицајци.