Осомничените во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева седнуваат на обвинителните клупи. Откако кривичниот суд не ги прифати нивните приговори по обвинението на Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски, од судот информираат дека од Советот за оценка на обвинителнен акт е донесено решение дека нивните приговори се одбиваат како неосновани, а обвинението целосно се одобрува.
Адвокатите на Јанева приговарале при водењето на истрагата, посочувајќи дека била завршена на 23 септември, но дотогаш вештачењата кои ги побарало обвинителството не биле завршени. Според нив, сликата со пари во нејзиниот дом не била гаранција за обвинението и таа немала сомнителни трансакции на сметката.
Од кривичниот суд велат дека откако ќе биде оформен кривичен предмет, согласно со АКМИС системот, тој ќе биде распределен на понатамошно постапување. Странките ќе бидат известени кога ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа.
Апелационите судии утврдиле административни грешки на жалбата на Јанева, па затоа ја вратиле во кривичниот суд, а на Јанева не и е дозволено да ја напушти Шутка и покрај гаранцијата од нејзините станови..
Според обвинението, Јанева има земено 50 илјади евра и мебел во вредност од пет илјади евра за да го ослободи од притвор Орце Камче, во што помогнале Јовановски и Милевски, кои од бизнисменот и неговата сопруга наплатиле сума во висина од еден и пол милион евра.
Предметот ќе биде распределен кај судија, по што ќе биде закажано и првото рочиште.