Насер Ештрефи доби 13 години затвор за убиството на Ангел Петковски што се случи во 2014 година.
Во казната е пресметано и времето кое обвинетиот го има поминато во притвор, скоро седум години.
Убиството се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец.
Ештрефи претходно беше осуден на 14-годишна затворска казна. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетиот Ештрефи беше вратено на повторно одлучување.