Тринаесетгодишно момче синоќа било нападнато на улицата „Методија Андонов-Ченто“ во Скопје, на автобуска постојка.
Како што соопшти МВР, случајот во полиција синоќа го пријавил И.С. (43), таткото на детето. Неговиот син додека чекал автобус бил физички нападнат од непознато лице на возраст од 15 до 18 години, кое било со уште три други лица.
Потоа сторителите го напуштиле местото на настанот, а по кратко време се вратиле заедно со поголема група на лица. Момчето и неговите другари побегнале и ги известиле родителите.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.