Синоќа во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на училиште на ул. „Призренска“, дошле три непознати лица со возило „фолксваген туран“ со непознати регистарски ознаки и истите започнале да ги малтретираат А.К.(18) и двајца 15 годишни и еден 17 годишен малолетник, а потоа физички нападнале други 15 и 16-годишни малолетници нанесувајќи им повреди.
По ова од непознатите лица биле испукани 2-3 куршуми во воздух од пиштол, по што напаѓачите го напуштиле местото. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што била пронајдена и подигната една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.