Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, назначи 12 раководители и 12 дополнителни заменици раководители.
Илија Милески е именуван за началник, а Сашо Милески за дополнителен заменик началник на СВР Охрид во Биро за јавна безбедност.
Александар Николов е нов началник на СВР-Штип, а негов заменик е Марјан Коцев. Во СВР-Битола за началник е именуван Анреј Василевски, а за негов заменик Славко Јовановски.
Трајче Георгиоски е именуван за началник на Одделението за внатрешни работи Прилеп во СВР-Битола, а за негов заменик е именуван Игор Каравилоски.
За началник во СВР Велес е именуван Игор Ангеловски, а за негов заменик Злате Јаневски.
Васил Тодоров е именуван за началник во СВР Струмица, а Танчо Пројковски за заменик началник.
Филип Филиповски е именуван за помошник на министерот на одделот за внатрешна контрола, а Дејан Андонов е именуван за негов заменик.
Сашко Зенговски е назначен за началник на одделот за специјални полициски операции, а за негов заменик е именуван Бранко Трајановски.
Ивица Бисовски е именуван за командант на единица за специјални задачи во одделот за специјални полициски операции, а Митко Даневски за негов заменик.
За началник на одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал е именуван Александар Јанев, а за негов заменик Лазо Велковски.
Васко Наумовски е нов началник на единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, а за негов заменик е именуван Примислав Димовски.
За началник на СВР Скопје е именуван Ристо Ставревски, а за негов заменик Тони Јакимовски.