Повеќе од 500 лица се ангажирани за гаснење на пожарот во Будинарци, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека во справувањето со огнот во Будинарци учестуваат 130 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 лица од Словенија со четири противпожарни возила и 25 лица од Бугарија со пет возила, стотина локални пожарникари и над 130 припадници на полицијата, како и припадници на армијата и на „Национални шуми“.
Ангелов соопшти и дека вчера над Будинарци е создаден контролиран контрапожар со кој е ограничен реонот во кој огнот може да се шири.