Во текот на ноември на гостиварското подрачје извршени се контроли врз 2.246 возила, а при тоа, биле откриени и законски санкционирани 1.053 сообраќајни прекршоци, велат податоците на аналитичкиот центар при Секторот за внатрешни работи Тетово.

Поради констатирани прекршоци тој период од сообраќај се исклучени 105 возила од кои 45 технички неисправни, 50 со истечена регистрација, шест со претовар, а преостанатите поради различни видови други недостатоци. Отстранување од сообраќај е направено и на возачи. Вкупно 135 лица од кои 95 без положен возачки испит, 29 почетници, 13 кои управувале под дејство на алкохол и слично.

-Во ноември годинава, на ова подрачје регистрирани се 13 сообраќајни несреќи, од кои осум во населено место и пет на отворен пат. Во нив нема загинати и тешко повредени лица. Пет несреќи завршиле со исто толку лесно повредени лица (двајца возачи, двајца сопатници и еден пешак), додека во 8 причинета е само материјална штета-велат од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.

И понатаму статистичките показатели укажуваат дека најчести причини за ноемвриските „сообраќајки“ е неприлагодена брзина според условите на патот, потоа неправилно вршење дејствие и непочитување првенство на минување. За откриените прекршоци во ноември поднесени се 262 прекршочни, 448 мандатни платни налози, 30 писмени опомени и со 185 впишувања на негативни бодови.
А.С