Скопјанецот Ф.Ш. (25) кој управувал мотоцикл „Кавасаки-550“ со скопски регистерски таблици, н а регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, атар на село Нова Брезница, изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак.
Како што информира МВР, Ф.Ш. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје на местото на настанот извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.