Х.А. (25) од гостиварското село Здуње го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево во близина на Гостивар.
Според првичните информации на СВР Тетово, несреќата се случила на магистралниот патен правец Гостивар – Кичево околу 14.30 часот, на излезот од градот.
Додека возел мотоцикл „јамаха“ без регистерски ознаки, Х.А. удрил во трактор со приколка што го управувал Ш.А. (26). Набрзо по несреќата, екипа на Брза помош дошла на местото, но дежурниот лекар констатирал смрт која настанала како последица од повредите што ги задобил при ударот.
Во тек е увид. Сообраќајот на овој дел од магистралата се одвива нормално.