Моторциклист бил тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера во Неготино, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој појаснува дека сообраќајната несреќа се случила на улицата „Партизанска“.
– Се работи за сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „даеву тико“ со неготински регистарски броеви управуван од Е.В.(43) од Неготино и моторцикл марка „томос” без регистарски броеви управуван од Т.П. (64) од Неготино. Во незгодата е повреден возачот на моторциклот кој е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Неготино каде се констатирани тешки телесни повреди – вели Додевски.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС ОН Неготино.