Момче од Македонија на возраст од 28 години починало по пад од балкон на хотелот „Рогнер“ во Тирана, пренесе „МИА“ повикувајќи се на информации од „Топ ченл“. Дел од албанските медиуми наведуваат дека станува збор за момче од Куманово, кое допатувало во Тирана од Швајцарија.
Момчето набргу по несреќата било пренесено во болница, каде што им подлегнало на повредите. Според „Топ ченл“, како што пренесува МИА, станува збор за гостин во хотелот кој паднал откако се потпрел на металната ограда на балконот и таа се откачила.
– Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од петтиот кат на хотелот. На местото на падот била и металната ограда – се наведува во полициското соопштение, во кое се додава дека истрагата продолжува.