Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда.
Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, а потоа е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Повеќе медиуми објавија дека вчера вечер во Бутел, помлади лица нападнале со нож две малолетни деца од населбата, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот.