Врховниот судија, Џемали Саити, рече дека останува во правна сила начелното правно мислење на највисокиот суд со кое се потврди дека СЈО е неовластен тужител во рокот по 18 месеци од преземањето на предметите.
– Начелното мислење беше водилка на целите настани. Тоа е во правна сила и останува – рече Саити.
Судијата одговарајќи на новинарско прашање рече дека е возможно Врховниот суд да донесе ново начелно правно мислење.
– Тоа е можно. Членот шест од Законот за судови го шири спектарот на подносители на такви иницијативи – рече Саити на промоцијата на зајакнувањето на капацитетите на Судско-медиумскиот совет.
Највисокиот суд во јануари годинава донесе начелно правно мислење со кое утврди дека СЈО е неовластен тужител по рокот од 18 месеци.