Млада девојка загина утрово во сообраќајна несреќа во Штип, соопшти полицијата.
Според истиот извор, несреќата се случила во 5 часот и 15 минути, а до неа дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот.
Возачот на возилото веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница и е во контактибилна состојба. Во несреќата загинала 21 годишна девојка од Свети Николе.
Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и полиција за да се утврди причината за несреќата.