Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во Кривичниот суд во Скопје, каде треба да биде соопштена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. Од домот на Водно каде издржува куќен притвор, тој беше донесен со полициско комбе. Придружуван беше од десетина полицајци, кои го следеа комбето со три возила.
Мијалков молчешкум помина покрај новинарите, без да одговори дали очекува осудителна пресуда. Кога влезе во холот на судот, се поздрави со судската полиција, а во холот каде што беа присутни бројни новинари и јавност која ќе го следи судењето, настана молк.