Поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков истакна дека не му се извинил на Љубе Бошкоски при нивната денешна средба, во судницата во Кривичниот суд во Скопје, каде што беше закажано рочиштето за предметот „Тортура“.
– Не сум му се извинил на Бошкоски, ниту има причина за извинување. Институциите постапуваа по обвиненијата за криминалот што го имаше сторено и колку што следам, тој процес е затворен со докази – порача Мијалков, одговарајќи на новинарско прашање.
Претходно денеска, Бошкоски кажа дека Мијалков веројатно е подготвен да му се извини.