Во три автомобили на патот Валандово – Струмица биле откриени 17 мигранти од Бангладеш.
Според информациите на МВР, полициски службеници вчера на регионалниот пат Валандово – Струмица, на влезот во Струмица, кај месноста Куклишка раскрсница запреле автомобил „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(29) од село Никуштак, „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(21) од Скопје и „ауди А6“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Х.(25) од Скопје.
При преглед во возилата биле пронајдени 17 мигранти од Бангладеш. Возачите и мигрантите биле приведени во СВР Струмица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.