Една недела откако исчезна младото момче Пинета Секондо – Пино, а од МВР сѐ уште нема информации каде е момчето, кое е пријавено за исчезнато.
Портпаролката на МВР Лиза Бендевска вели дека МВР ги превзема сите мерки и момчето сѐ уште се бара.
И неговата мајка Маја Трпковска се огласи на социјалните мрежи и очајно бара помош од граѓаните за да го најде своето дете, да и се врати дома. Според неа не постоеле никакви причини поради кои момчето би избегало од дома.
-Ве молам помогнете ми да го најдам синчето. Пинета Секондо – Пино, МВР работи, ама веќе 7 дена ништо не откри. Ве молам помогнете ми вие луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето во ова крпче земја. Да го најдеме синчето мое. Не е избегано од дома, нема зошто да бега. Не е лут со мене, како што не е лут со никој од нашата фамилија. Џабе МВР вели дека е избеган од дома (26 години, работи, супер плата, најсакан и почитуван и на работа и дома) Нема зошто да бега!!! Со срце чекаме да го гушнеме. ВЕ МОЛАМ, ПОМОГНЕТЕ МИ – стои во апелот на неговата мајка на социјалните мрежи.
Пино на 10 декември бил излезен вечерта и последен пат е виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.