Министерството за внатрешни работи демантира дека е потпишан договор за услуги за технички преглед на моторни возила во Куманово со фирмата Пин Петрол. Во тек е постапка за јавна набавка, но договор не е склучен, информираат од МВР.
– Најостро ги демантираме и лагите и манипулациите кои ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги пласира околу наводно сопствеништво на министерот Спасовски во оваа компанија. Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема удел во која било компанија ниту во државата ниту надвор од државата, ниту денеска ниту во минатото. По серијата лаги пласирани од оваа партија, во август оваа година министерот Спасовски поднесе барање до Антикорупциската комисија и јавно ја повика да се испита целиот случај и да се утврдат аргументите затоа што не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста и да се изнесуваат лаги. Фактите се јасни, а тие говорат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и ја манипулира јавноста – се вели во соопштението.