Министерството за внатрешни работи најостро демантира дека има исчезнато лице Лука Божиновски, како што вчера и денеска се споделува на социјалните мрежи од страна на поединци кои повторно шират лаги и дезинформации со цел да предизвикаат страв кај граѓаните.
-Се злоупотребува случај од 2017 година кога лицето е пријавено за исчезнато и веднаш пронајдено. Имено, Лука Божиновски е пријавен за исчезнат на 3.8.2017 во ПС Ѓорче Петров и веднаш е пронајден односно запрена е потрагата по него на 4.8.2017- е наведено во соопштението на МВР.
МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести со кои поединци сакаат да предизвикаат страв и несигурност.