Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки, велат од Министерството за внатрешни работи, откако беше обелоденето дека повторно е активирана групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде што се споделуваат експлицитни фотографии и видеа од девојчиња од Македонија, како и нивни телефонски броеви, без нивно знаење.
Од Министерството велат дека „Телеграм“ досега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите.
– МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај – тврдат од Министерството.
Во трите новоотворени групи на „Телеграм“ членуваат и по над 5 илјади членови – речиси сите користат прекари, а нивните телефонски броеви не можат да се видат.