Министерот за правда, Бојан Маричиќ соопшти дека Владата треба преку писмо да побара од ЕУ, мониторинг или набљудување на судските процеси „Монструм“, „Диво Насеље“, „Алфа“ и „Алмир Алиу“.
– Не знаеме во каква форма ќе се нафати ЕУ и не знаеме што точно ќе се случува и дали би се нафатиле. Целта на овој договор и целта на Владата не е да се мешаме во исходот на овие пресуди. Тоа не сме го правеле, ниту имаме намера и понатаму да го правиме. Владата нема механизам, ниту волја да се меша во овие судски процеси, за кои веќе има пресуди – вели Маричиќ во емисијата „360 степени“.
Министерот додава дека без да се консултираат и со владините партнери и ЕК, не можат да испратат какво било писмо.