Полицијата информира дека на скопскиот аеродром кај турист при контрола е пронајдена марихуана, патникот е приведен.
-На 17 декември 2018 година во 22,10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во Македонија при преглед над Б.К.(27) од Швајцарија, била пронајдена марихуана- соопшти МВР.
Б.К. е приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.