Тринаесет годишно девојче од Хрватска кое било на привремен престој во земјава почина во Куманово поради повреди кои ги добила при пад на статива на ракометно игралиште.
Како што информираат од МВР, во попладневните часови на 14 август во кумановската полиција било пријавено дека во Медицинскиот центар во градот било донесено 13-годишно девојче од Хрватска.
Според пријавата, девојчето имало повреди на главата здобиени од пад на статива на ракометно игралиште на кумановската улица „Народна револуција“.
Од здобиените повреди девојчето починало. По наредба на јавен обвинител телото на почината е предадено на семејството.