До физичка пресметка помеѓу две групи од малолетници дошло синоќа во угостителски објект во Сарај.
Како што јавуваат од полицијата, на пресметката претходело недоразбирање и нетрпение и бил нарушен јавниот ред со тепачка помеѓу 16 и 17-годишни малолетници од селото Грчец, Скопско, од една страна и Ј.Л.(35), Б.Л.(18) и 17-годишен малолетник, сите од селото Грчец и 17-годишен малолетник од селото Глумово, Скопско, од друга страна.
Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.