Во контролирани пет објекти во Прилеп се приведени 14 малолетни лица кои биле присутни во угостителски објекти по дозволеното време, а кај еден малолетник е утврдено присуство на алкохол информираат од СВР Битола.
Акциската контрола во угостителските објекти била спроведена на 26 и 27 овој месец.
-Контролата е извршена во периодот од 23.30 до 03.00 часот во Прилеп, со цел санкционирање присуство на малолетни лица во угостителски објекти по дозволеното време, точење алкохол на малолетници и други прекршоци. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – велат од СВР Битола. Ка.М.