Полициски службеници од СВР Куманово, по преземени мерки и активности, ја расчистија кражбата во маркет во с.Лопате, кумановско, која се случи на 15.11.2021, при што беа одземени повеќе производи.
Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривичното дело, во СВР Куманово бил извршен службен разговор со двајца малолетници од Куманово.
Поголем дел од предметие биле пронајдени кај нив и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.