Дваесет и четиригодишен маж пријавил дека неговата малолетна 15-годишна сестра вонбрачно живее со лицето Б.Ѓ.(23) од селото Камен Дол.
– По превземени мерки, малолетничката била донесена во Полициската станица Кавадарци и во присуство на родител бил извршен разговор. Б.Ѓ. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вонбрачен живот со малолетно лице – информираат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.