Мртво тело на 30- годишен државјанин на Македонија е извлечено од морето во близина на Дубровник, пренесуваат хрватските медиуми.
Полицијата врши увид во кој се утврдуваат причините кои ја предизвикале оваа смрт, а локалните медиуми јавуваат дека најверојатно станува збор за давење.
Хрватската полиција соопшти дека околу 13 часот е извлечено телото на маж, а при идентификација било утврдено дека станува збор за 30-годишен државјанин на Македонија, со постојан престој во Дубровник.
Во тек е увид, со кој ќе се утврдат причините за овој немил настан.