Еден граѓанин на Македонија е уапсен во Бугарија затоа што се обидел да прошверцува 4,7 килограми марихуана на граничниот премин Ѓуешево, објави бугарското обвинителство.
Возачот кажал дека сака да направи транзит низ Бугарија и дека крајна дестинација му била Турција.
Истрагата била започната по проверка на автомобил со регистарски таблички и ознаки од Косово, кое на граничниот премин го донел граѓанин на Македонија.
Според последните информации, властите откриле 14 пакувања марихуана скриени во автомобилот.
Ако биде прогласен за виновен, шверцерот на дрога може да биде осуден на 10 до 15 години затвор и парична казна од 100 до 200 илјади лева односно од 50 до 100 илјади евра известуваат медиумите во регионот.
Осомничениот и претходно и бил познат на полицијата на Македонија.