Македонска навигација (М-НАВ) испрати соопштение во врска во врска со написот под наслов „На бугарскиот авион не му било дозволено да слета во Скопје?“ објавен денеска на нашата интернет-страница.
– Како што беше изјавено вчера, 2.4.2019 година од страна на Г. Николче Тасески, Претседател на УО на М-НАВ АД Скопје, на пилотот на авионот од типот „Цесна П210Н“ му било дадено одобрување за слетување на скопскиот аеродром, но сепак, истиот се предомислил и го продолжил патот кон Софија по што се урнал над Солунска Глава – се вели во соопштението.
„Нова Македонија“ во својот напис објавен денеска се повика на информациите во бугарските медиуми кои објавија оти авионот не можел да слета во Скопје. Обидите да добиеме релевантна информација од македонски официјални органи останаа попусти. Сакајќи да им понудиме на читателите информација за настанот што предизвика големо внимание ја пренесовме веста објавена во повеќе бугарски медиуми. С.Н.М.