Научниците од Европската Унија (ЕУ) предупредија дека Медитеранот стана „жариште на пожарите“ во изминатите неколку дена, откако сателитските податоци покажаа дека „емисиите и интензитетот на пожарите се зголемуваат“, а погодени се Турција, Италија, Мароко, Албанија, Грција, Македонија и Либан, пренесува „Политико“.
Предупредувањето за Јужна Европа го соопшти опсерваторијата на ЕУ „Коперник“, наведувајќи дека високите температури не се единствената причина за пожарите, но и оти „топлотниот бран создава погоден терен за ширење на пожарите“.
Научниците велат дека климатските промени резултирааат со екстремни временски услови, а поконкрентни заклучоци за поврзаноста на пожарите и климатските промени се очекуваат во најавениот извештај на Обединетите нации.
Балканот е погоден екстремен топлотен бран, при што „Политико“ истакнува дека завчера избиле 13 пожари во Македонија.
Европската комисија соопшти дека координира помош заедно со земјите-членки преку нејзиниот механизам за цивилна заштита, испраќајќи авиони и опрема во погодените држави.