Педесет и осумгодишен Македонец се наоѓа во критична состојба откако бил избоден во Буџиба, Малта, додека полицијата е во потрага по Србин кој е осомничен за обид за убиство.
Како што пишува „ТВМ“ полицијата добила дојава дека во понеделникот дошло до расправија, по што повредениот маж бил пренесен во болница.
– Полицијата била информирана од болницата оти странец облеан во крв се појавил во здравствениот центар „Моста“, а подоцна бил пренесен во болница со возило на Брза помош. Полицијата утврдила дека мажот наводно бил избоден со нож за време на расправија – пишува „ТВМ“.
Потрагата по сторителот е во тек, а полицијата ги замоли сите кои имаат некакви информации да се јават во полициската станица.