Жена од Куманово синоќа по полноќ пријавила во полициска станица дека била физички нападната од сопругот.
Како што соопшти МВР, 35-годишната Р.Т. околу 00:50 пријавила дека претходно околу десет минути по полноќ во семејната куќа била физички нападната од сопругот Ј.Т., кој според пријавеното, потоа го нападнал и малолетниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.