На железничката пруга Скопје – Тетово, во пладневните часови на 15 април, кај патниот премин Сарај – Кондово, се случила железничка незгода во која учествувале локомотива и автомобил „голф“.
Како што информираат од МВР, локомотивата „ТМД-рабел“ била управувана од 56-годшен скопјанец, а „голфот“ од 41-годишник исто така од Скопје.
Во незгодата со повреди се здобил возачот на автомобилот, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.
Железничкиот сообраќај бил во прекин околу два часа, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.