Ловџија се здобил со прострелна рана при лов во Кавадаречко, информираа од МВР.
Како што соопштија од МВР, на 12 декември 2018 година околу 10,30 часот пријавено е дека во село Команичево, Кавадаречко, на место викано „Врапче“, при лов, 68-годишен кавадарчанец се здобил со прострелна рана во левата плешка, нанесена, според пријавеното, од страна на друг ловџија, на возраст од 27 години.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кавадарци, каде му била констатирана тешка телесна повреда, по што бил упатен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.