Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со испрашување на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Водителката и блиска пријателка на Боки 13, Лила Филиповска, е повикана да сведочи на утрешното рочиште за случајот „Рекет“.
Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат и Сања Димовска, Агапи Дика и Весна Костовска.
Досега како сведоци исказ дадоа поранешните обвинители од СЈО, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, бизнисменот Јордан Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од 1ТВ и други.
Судењето за „Рекет” пред Кривичниот суд го води судијката Васка Николовска-Масевска, додека обвинението го застапува обвинителката Вилма Рускоска.