Разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, ги избегна камерите и новинарите, без да даде одговор дали навистина сторила злоупотреба на европски фондови, за што ја товари Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Таа од судот излезе со нејзината адвокатка, која на прашањата за Димова, одговори: „Во друга прилика“.
Одлуката за дали Димова ќе има мерки на претпазливост, ќе биде донесена денеска од судија на претходна постапка. Обвинителството побара да ѝ бидат одземени двата пасоши, повремено да се јавува во судот и да добие забрана за вршење одредени активности. Димова во судот се задржа околу половина час.
Пред неа, на распит беше и Александар Гочев, второосомничен во случајот кој го води Обвинителството.
Кривичната пријава против Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и Ана Павлиду ја поднесе Финансиската полиција, а Обвинителството покрена истрага. Делата за кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на европски фондови и несовесно работење во службата.