Вчера околу 13 часот на Интерното одделение во кичевската Општа болница, од страна на лицата Л.Љ(24) и А.Љ.(21) нападнат е лекар вработен во болницата. Се работи за лекарот А.С.(35). Двајцата напаѓачи се повикани во полициската станица во Кичево и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од СВР Охрид.

И ова е потврда дека и лекарите влегуваат во загрозената категорија професии, ако се има во предвид колку напади врз лицата во бели мантили се извршени изминатите неколку години.

З.А.