Четириесет и петгодишен жител на кумановското село Речица е уапсен зошто со остар предмет на плоштадот „Маршал Тито“ ја нападнал сопругата, со која не живееле заедно. Според информациите, тие и претходно имале расправии, но по интервенција на полициски службеник, бил спречен во намерата.
Приведениот и претходно во домот ја нападнал сопругата.
По целосно документирање на случајот, против С.Т. ќе следува соодветен поднесок.