Според информациите од повеќе македонски медиуми, Специјалната обвинителка Катица Јанева денес наредила сите вработени во Специјалното јавно обвинителство да бидат претресувани при влез и излез од зградата на институцијата. Оваа наводна одлука на Јанева не им се допаднала на вработените и другите обвинители, кои бурно реагирале поради претресите.
Катица Јанева следниот вторник ќе даде исказ и ќе биде сослушана од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција, по што ќе се знае каков ќе биде нејзиниот статус во истрагат за случајот „Рекет“.
Според неофицијални информации, тензиите во СЈО започнале во понеделникот по одржување на колегиум на обвинителите.